Шпанскиот репрезентативец Хозе Мануел Сиера брани извонредно во првиот дел од мечот меѓу Вардар и Пик Сегед и нанижа 6 одбрани за 20 минути. Сиера кој е четирикратен освојувач на Лигата на шампионите, го потврди квалитетот што му донесе и место во шпанската репрезентација и просто ги маѓепса вардарци во првите 20 минути и одбрани неколку тешки удари. Мечот се игра во СРЦ „Јане Сандански“ и е во рамките на второто коло од ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.