| четврток, 6 декември 2018 |

Џиновска дупка проголта возила во австралиски камп (видео)

dupka

Во близина на Квинсленд, Австралија група излетници во камп на плажата Рејнбоу доживеаја вистински шок кога нивните автомобили, шатори и камп приколки потонаа во џиновска дупка, пишува Daily Mail.

Дупка длабока три метри се појавила покрај брегот и со огромна брзина се движела така што туристите одвај успеале да се спасат. Со оглед на тоа што дупката веднаш се наполнила со вода во неа потонале неколку автомобили, шатори и камп приколка.

Туристите биле евакуирани и за среќа никој не е повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top