| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден на срцето – бесплатни прегледи во Градски парк

Денеска од 10 до 14 часот во Градскиот парк кај Школка во Скопје, Институтот за јавно здравје со бесплатни превентивни прегледи по 15 пат ќе го одбележи Светскиот ден на срцето – 29 септември.

Оваа година, Светскиот ден на срцето се одбeлежува под слоганот „Избори за здраво срце за секого, секаде“.

Во 12 часот ќе има програма на која ќе учествуваат актери од сите возрасти, а претставник на Институтот ќе ги презентира најновите податоци и информации во врска со заболеноста и смртноста од кардиоваскуларни болести во Македонија и светот.

Организацијата на настанот е во соработка со НВО Здрава иднина, здружение за превенција на КВБ, а ќе учествуваат и претставници од други здравствени установи од јавниот и приватниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top