Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централната манифестација по повод одбележувањето на Светскиот ден на срцето.
Манифестацијата е во организација на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Министерството за здравство и невладината „Здрава иднина“.
По официјалните обраќања ќе биде изведена детската едукативна претстава „Ах возраснни, возрасни“. Децата ќе можат да творат во ликовна работилница под отворено небо, а за возрасните ќе бидат овозможени бесплатни прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.