Хероин, марихуана, крек, кокаин и многу други дроги се чести „реквизити“ во филмовите, а „Лице со лузна“, „Лош поручник“, „Гомора“, „Волкот од Волстрит“ и „Трејнспотинг“ само се некои од нив.
Но што навистина актерите вшмркуваат и со што се боцкаат?
Речиси и да нема љубители на седмата уметност кој берем еднаш не се запрашал како актерите фингираат (или не?) конзумирање дрога.
За да дознае за што се работи, весникот „Њујорк пост“ направи интервју со неколку холивудски реквизитери кои открија некои од нивните „техники“ за создавање илузија на дрогирање.
Џуллијан Албински напоменува дека методите се разликуваат во зависност од местото на настанот предивидено во сценариото.
Доколку кокаинот само се појавува на екранот без никој да вшмркува, се користи пченкарно брашно мешано со талк.
Ако, пак, актерот треба да го вшмрка, Мајлк Бејт („Како да се убие шефот“) наведува дека тогаш се употребува лактоза или витамин Б во прав. Кога е потребно да се репродуцира ритуално земање кокаин, тогаш на актерот се дава сламка исполнета со вазелин за правта да не стигне до ноздрите.
Принципот помалку или повеќе е ист за хероин доколу дрогата само се изложува.
Доколку е предвидено да биде загреана, Ким Слолек (The Inevitable Defeat of Moster&Pete) се користи шеќер и сода бикарбона или желатин, па дури и месна супа.
Доколу дрогата мора да биде вшприцана во вена, актерот добива специјален шприц со игла која ја враќа течноста.
За канабис најчесто се користи оригано, рече Албински, но некои актери повеќе сакаат да пушат вистински џоинт, што може да ја отежне задачата на филмската екипа.
Најважно, истакнува тој, е да се создаде илузија, гледачите да поверуваат дека актерот навистина се дрогира.
– Веројатно меѓу гледачите постои некој кој навистина „дува“ и кој би можел да се посомнева во веродостојната на сцената, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.