| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета си го планира погребот?

Британската кралица Елизабета наводно колабирала откако ѝ се доверила на својата снаа од внук, принцезата Кејт.

Според бомбастичниот нов извештај на американското списание Глоуб (Globe), Елизабета Втора на бремената жена на својот внук принцот Вилијам ѝ кажала дека го планира сопствениот погреб.

Изворите на списанието тврдат дека еден од врвните британски политичари ја убедувал кралицата да го напушти тронот.

Инаку, најновите информации се дека трудната убавица е бесна поради тоа што кралицата Елизабета не ги прифатила нејзините кандидати за кумови на бебето.

Кејт сакала нејзината сестра Пипа Мидлтон и проблематичниот брат Џејмс Мидлтон да бидат кумови на бебето.

-Ова е најновата битка на Вилијам и Кејт, која најверојатно ќе ја изгубат“, изјавил неименуван извор за списанието. „Вилијам сѐ уште е под големо влијание од својата баба, а Кејт е фрустрирана бидејќи се чувствува немоќно. На Кејт ѝ е скршено срцето, а Вилијам ја менува темата секогаш кога таа ќе го спомне проблемот. Ова е првпат Кејт да ја почувствува железната тупаница на кралицата, и воопшто не ѝ се допаѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top