| четврток, 6 декември 2018 |

ИД обезглави двајца Турци

Борците од групацијата Исламска држава обезглавиле двајца Турци, објави турскиот весник „Тудејс заман“.

исис

На снимките објавени на Интернет се гледа како двајца мажи се убиени од џихадисти од ИД во сириската провинција Алепо.

Двајцата мажи биле убиени поради обвинение за шпионажа во корист на турската Влада.

– Со волјата на Алах, Исламска држава успеа да уапси двајца шпиони, кои соработуваат и собираат информации за секуларната Влада на Турција. Откако ги сослушавме беше спроведена наредбата на Алах (егзекуција) во регион во близина на границата со Турција, се наведува во соопштението на ИД.

Засега нема информации за идентитетот на мажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top