Полицијата соопшти дека најдена е бомбата поставена на тркало на автомобил во скопски Капиштец, и дека е дадена на вештачење.
Денеска наутро било пријавено дека под автомобил во Капиштец има поставено експлозивна направа, по што полицијата излегла на терен, соопшти МВР.
Имено, утрово, околу 8.50 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ пријавено е дека била поставена експлозивна направа на тркало од автомобил „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки сопственост на З.К. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот се врши увид и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



