| четврток, 6 декември 2018 |

Режисер од Шпанија ќе предава „Како да изработите успешен нискобуџетен филм“

На Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ денеска ќе бидат одржани две работилници со Лијанско Мигел Љансо кој ќе говори на тема „Како да изработите успешен нискобуџетен филм“, додека пак Јаромир Шофр и Марек Јича ќе одржат работилница на тема „Дигитализација и реставрација под контрола на снимателите“.

braka manaki

Мигел Љансо е режисер од Шпанија, а негов фокус се експерименталните филмови. Со филмот „Трошки“ настапувал на фестивалите во Ротердам, Лос Анѓелес, Буенос Аирес и други фестивалски центри, додека пак тандемот Шофр и Јича од Чешка ќе презентираат искуства од државниот филмски фонд во матичната држава.

Во рамките на програмата „Мак Поинт“ ќе биде емитуван македонскиот филм „Денот да е радосен“ во режија на Љубица Поповска, а кинематографер е Игор Ангеловски, додека пак во рамките на програмата „СЕЕ Камера“ ќе биде емитувана копрудукциската драма од Македонија, Бугарија, Ирак и Романија – „Жената на мојот живот“ во кој ќе настапат неколку македонски актери.

Меѓународното стручно жири и публиката денеска ќе ги погледнат последните два филмови штосе во конкуренција за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“. Во 18.45 часот ќе биде емитуван јапонскиот игран филм „Нашата мала сестра“ во кој кинематографер е Такимото Микија, додека во 22.00 часот ќе биде прикажан италијанскиот филм „Црни души“ каде режисерот Франческо Музи за кинематографер го избра Владан Радовиќ. ИФФК „Браќа Манаки“ завршува утревечер со изложба на фотографии и доделување на фестивалските награди и признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top