Германската влада претпоставува дека околу 30 проценти од бегалците кои пристигнале во земјата, а тврдат дека доаѓаат од Сирија, всушност не се Сиријци, објави Штерн.
Во министерството велат дека станува збор за податоци кои се базираат на информации собрани на терен и дека нема официјална статистика.
Податоците на ООН пак покажуваат дека значително нараснал бројот на деца кои бегаат во Европа. Последниот месец нивниот број меѓу бегалците е зголемен за дури 80 проценти. Владата на Германија одлучи дека тие кои ќе дојдат во германија без родители еднакво ќе бидат распределени ноз сојузните покраини.
Германија очекува годинава да и пристигнат меѓу 800.000 и еден милион бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.