НБА легендата Винс Картер важи за еден од најдобрите забивачи во светот, откако се промовираше во тоа како млада ѕвезда во тимот на Торонто, кога успеа да победи во натпреварот за забивање на олл-старот во 2000 година.
Тој беше дел од американскиот дрим-тим на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година кога без проблем го освои златниот медал заедно со останатите големи ѕвезди.
Денеска се навршуваат точно 15 години откако Картер во натпреварот против Франција успеа да украде една топка и да ја забие во кошот на противникот, буквално прелетувајќи го противничкиот центар Фредерик Вајс кој е висок 218 сантиметри.
Многумина ќе застанеа, но „летечкиот Винс“ само уште повеќе се мотивираше, тргна моќно и буквално го прелета Вајс, во една од најспектакуларните акции во историјата на кошаркарските турнири на ОИ.
Винс Картер како ветеран сеуште настапува во НБА лигата, а од минатата година го носи дресот на Мемфис Гризлис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)