Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев заработи три меча суспензија од италијанската фудбалска федерација поради црвениот картон заработен на дуелот со Лацио. Македонскиот голгетер беше исклучен поради удирање со лакотот на противничкиот фудбалер Маурисио, што од страна на Дисциплинската Комисија беше окарактеризирано како старт со намера, за што Пандев доби максимална казна за ваков вид на инцидент од три меча неиграње.
Ова е само уште еден во низата проблеми за Пандев кој никако неможе да си ја пронајде формата од минатото, кога беше еден главните напаѓи во Серија А лигата.
Оваа суспензија значи дека Македонецот ќе ги пропушти дуелите со Милан, Удинезе и Киево, а неговиот камбек може да се очекува на пресметката со Емполи закажана за 24 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“