| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен наjубавиот уникатен мозаик во Стоби

Мо­за­и­кот со вкуп­на по­вр­ши­на од осум­де­сет и два ква­драт­ни ме­три, е еден од нај­у­ба­ви­те мо­за­и­ци откри­е­ни во Сто­би, на кој во осум ква­драт­ни по­ли­ња се прет­ста­ве­ни зо­о­морф­ни фи­гу­ри ком­би­ни­ра­ни со ге­о­ме­три­ски мо­ти­ви, из­ве­де­ни со раз­но­бој­ни кам­чи­ња

Ста­ри­от град Сто­би „…Stobis, vetere urbe…“, ка­ко што го на­ре­ку­ва рим­ски­от исто­ри­чар Ли­виј, бил по­диг­нат на вле­вот на Цр­на Ре­ка во Вар­дар и прет­ста­ву­вал нај­го­ле­ми­от град во се­вер­ни­от дел на рим­ска­та про­вин­ци­ја Ма­ке­до­ни­ја, а по­доц­на гла­вен град на про­вин­ци­ја­та „Македонија Секунда“ и зна­ча­ен ур­бан, во­ен, ад­ми­ни­стра­ти­вен, тр­гов­ски и ре­ли­ги­о­зен цен­тар на две го­ле­ми им­пе­рии: рим­ска­та и ра­но­ви­зан­ти­ска­та.

Stobi-rep159-2

Сме­стен во ср­це­то на Ма­ке­до­ни­ја, на кр­сто­па­тот ме­ѓу егеј­ски­от свет и цен­трал­ни­от Бал­кан, во те­кот на це­ло­куп­ни­от пер­и­од од сво­е­то по­сто­е­ње, тој прет­ста­ву­вал сре­ди­ште во кое се сле­ва­ле кул­тур­ни­те при­до­би­вки на ан­тич­ки­от свет.

Де­нес, оста­то­ци­те од овој на­да­ле­ку поз­нат ар­хе­о­ло­шки ло­ка­ли­тет се ед­на­кво лес­но при­стап­ни од ме­ѓу­на­род­ни­от авто­пат Е-75, што го чи­ни Сто­би мош­не по­пу­лар­на ту­ри­стич­ка де­сти­на­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Ноќ­на­та илу­ми­на­ци­ја на град­ски­те бе­де­ми и откри­е­ни­те град­би до­пол­ни­тел­но ја наг­ла­су­ва­ат не­го­ва­та атра­ктив­ност и уба­ви­на.

Stobi-rep159-3

Го по­се­тив­ме овој ло­ка­ли­тет би­деј­ќи та­му се во тек кон­зер­ва­тор­ско-ре­ста­вра­тор­ски ра­бо­ти на мо­за­и­кот од нар­те­ксот на Епи­скоп­ска­та ба­зи­ли­ка. Тоа е ба­зи­ли­ка­та на епи­скоп Фи­лип, ко­ја да­ти­ра од по­че­то­кот на ше­сти­от век.

– Мо­за­и­кот со вкуп­на по­вр­ши­на од осум­де­сет и два ква­драт­ни ме­три е еден од нај­у­ба­ви­те мо­за­и­ци откри­е­ни во Сто­би, на кој во осум ква­драт­ни по­ли­ња се прет­ста­ве­ни зо­о­морф­ни фи­гу­ри ком­би­ни­ра­ни со ге­о­ме­три­ски мо­ти­ви, из­ве­де­ни со раз­но­бој­ни кам­чи­ња. Про­е­ктот прет­ста­ву­ва про­дол­жу­ва­ње на кон­зер­ва­ци­ја­та на мо­за­и­кот од нар­те­ксот на Епи­скоп­ска­та ба­зи­ли­ка, ко­ја за­поч­на со не­го­во­то от­стра­ну­ва­ње од ори­ги­нал­на­та по­зи­ци­ја во 2012 го­ди­на – ни ре­коа упа­те­ни­те.

Stobi-rep159-4

Stobi-rep159-9

Во мо­мен­тов се вр­ши чи­сте­ње, кон­со­ли­ди­ра­ње и ли­е­ње на но­ва ва­ро­ва под­ло­га на раз­лич­ни­те фраг­мен­ти.

– По чи­сте­ње­то, тие се фи­кси­ра­ат на но­сач од алу­ми­ни­ум­ско са­ќе. Со фи­на­ли­зи­ра­ње на ра­бо­та­та, след­на­та го­ди­на, мо­за­и­кот ќе би­де под­го­твен да се вра­ти на­зад на ори­ги­нал­на­та по­зи­ци­ја во ба­зи­ли­ка­та – ве­лат от­та­му.

Во из­ми­на­ти­от пер­и­од, на ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Сто­би, во це­лост бе­ше за­вр­шен и про­е­ктот за кон­зер­ва­тор­ско-ре­ста­вра­тор­ски ра­бо­ти на мо­за­и­кот во Ста­ра­та епи­скоп­ска ба­зи­ли­ка, кој е нај­го­ле­ми­от до­се­га поз­нат по­ден мо­за­ик во Ма­ке­до­ни­ја.

Stobi-rep159-5

Исто та­ка, на ло­ка­ли­те­тот Сто­би има и стру­чен тим од ов­ла­сте­ни кон­зер­ва­то­ри кој ра­бо­ти и на кон­зер­ва­ци­ја­та и на ре­ста­вра­ци­ја­та на те­а­та­рот.

– Со за­вр­шу­ва­ње­то на ар­хе­о­ло­шки­те истра­жу­ва­ња во источ­на­та по­ло­ви­на на цен­трал­ни­от цир­ку­ла­рен ко­ри­дор, се отво­ри мож­но­ста за кон­зер­ви­ра­ње на два­та ѕи­да кои го фор­ми­ра­ат ко­ри­до­рот, ка­ко и за ре­ста­вра­ци­ја на оште­ту­ва­ња­та на сво­дот. Кон­зер­ва­тор­ски­те актив­но­сти се за­поч­на­ти и во мо­мен­тот се кон­со­ли­ди­ра­ат цир­ку­лар­ни­те ѕи­до­ви. Цен­трал­ни­от цир­ку­ла­рен ко­ри­дор на те­а­та­рот е дел од си­сте­мот за дви­же­ње на пуб­ли­ка­та и има им­пре­сив­на ви­со­чи­на од око­лу шест ме­три, до­де­ка не­го­ва­та ши­ро­чи­на е 2,5 ме­три. Источ­на­та по­ло­ви­на на ко­ри­до­рот, ко­ја е пред­мет на ово­го­ди­неш­ни­те ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња и кон­зер­ва­ци­ја е дол­га око­лу 40 ме­три – об­јас­ну­ва­ат ар­хе­о­ло­зи­те.

Stobi-rep159-7

Во те­кот на месеците мај и ју­ни, во Сто­би се од­ви­ваа ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња на Хра­мот на Изи­да и на Те­а­та­рот. Иско­пу­ва­ња­та во се­кто­рот Храмот на Изи­да беа на­со­че­ни кон до­ку­мен­ти­ра­ње на про­сто­рот око­лу хра­мот, при што се истра­жу­ваа оста­то­ци од об­је­кти од доц­на­та ан­ти­ка, фор­ми­ра­ни на овој про­стор во 5-6 век, отка­ко хра­мот из­ле­гол од упо­тре­ба.

– Ин­те­рес­но откри­тие прет­ста­ву­ва еден мал нат­пис на мер­мер по­све­тен на бо­жес­тве­на­та двој­ка Изи­да и Се­ра­пис, кој ука­жу­ва на фа­ктот де­ка об­је­ктот не бил по­све­тен са­мо на Изи­да, ту­ку и на неј­зи­ни­от со­пруг. По­чи­ту­ва­ње­то на кул­тот на Изи­да и Се­ра­пис во Сто­би е поз­на­то уште во ми­на­то­то, ка­ко ре­зул­тат на по­ве­ќе на­о­ди. Хра­мот бе­ше откри­ен во 2008 го­ди­на, а откри­ти­е­то на мер­мер­на­та скулп­ту­ра на Изи­да во 2012 го­ди­на ко­неч­но ја ре­ши ди­ле­ма­та за де­ди­ка­ци­ја­та на об­је­ктот – ве­лат ар­хе­о­ло­зи­те.

Stobi-rep159-8

Stobi-rep159-6

Иско­пу­ва­ња­та на те­а­та­рот про­дол­жи­ја во источ­на­та по­ло­ви­на на цен­трал­ни­от цир­ку­ла­рен ко­ри­дор и источ­ни­от ра­ди­ја­лен ко­ри­дор. До кра­јот на ју­ни, ко­ри­до­ри­те беа ре­чи­си це­лос­но истра­же­ни до ори­ги­нал­ни­те ни­воа на из­град­ба и ко­ри­сте­ње во вре­ме­то ко­га функ­ци­о­ни­рал те­а­та­рот. Во из­ми­на­ти­те три го­ди­ни беа вни­ма­тел­но до­ку­мен­ти­ра­ни и си­те по­доц­неж­ни фа­зи на ко­ри­сте­ње на про­сто­рот, поч­ну­вај­ќи од вто­ра­та по­ло­ви­на на 4 век ко­га те­а­та­рот е на­пу­штен, па сѐ до 12-14 век ко­га ко­ри­до­ри­те за пос­ле­ден пат би­ле дел од об­је­кти за жи­ве­е­ње. Источ­на­та по­ло­ви­на на цен­трал­ни­от цир­ку­ла­рен ко­ри­дор има дол­жи­на од око­лу 44 ме­три, ши­ро­чи­на од 2,5 ме­три, а не­го­ва­та ви­со­чи­на би­ла око­лу 6 ме­три.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 159. број на неделникот „Република“, 18.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top