Автомобил „fорд фиеста“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на М.С.(31) од тетовското село Орашје вчера од засега неутврдени причини се запалил и изгорел, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот на улицата „Кумановска“ број 15 во Тетово, откако сопственикот го паркирал автомобилот.
– Најпрво се појавил чад и пламен во предниот дел, кој за кусо време се проширил во задниот дел на возилото каде се наоѓал и вградениот плински уред. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот е локализиран. Извршен е увид и се работи на утврдување на причината за пожарот, а вкупната штета се проценува на 30 илјади денари, рече Јосифовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?