| четврток, 6 декември 2018 |

Обидот за независност на Каталонија е следната главоболка на ЕУ

Ка­та­ло­ни­ја е ин­ду­стри­ски и еко­ном­ски цен­тар на Шпа­ни­ја, но се­па­ра­ти­стич­ко­то дви­же­ње ве­ќе со де­це­нии е во по­раст. Еве зо­што не­за­вис­на­та по­кра­и­на­ би мо­же­ла да ста­не след­ни­от го­лем проб­лем на Евро­па

Во пе­токот се од­бе­ле­жа На­ци­о­нал­ни­от ден на Ка­та­ло­ни­ја, но и по­че­то­кот на важ­на из­бор­на би­тка.

На 27 сеп­тем­ври Ка­та­ло­ни­ја ќе из­ле­зе на гла­са­ње на ре­ги­о­нал­ни из­бо­ри, кои се нај­а­ву­ва­ат ка­ко втор круг од гла­са­ње­то за не­за­вис­ност. Ми­на­та­та го­ди­на, во не­о­фи­ци­јал­ни­от ре­фе­рен­дум, на из­лез­eност од 40 про­цен­ти, 80 про­цен­ти од гла­са­чи­те гла­саа да ја на­пу­штат Шпа­ни­ја.

По­те­гот за не­за­вис­ност на Ка­та­ло­ни­ја мо­же да ја фр­ли ЕУ во но­ва по­ли­тич­ка кри­за и да соз­да­де ха­ос во шпан­ска­та еко­но­ми­ја, ко­ја ту­ку­што из­ле­гу­ва од дол­га кри­за.

Ка­та­ло­ни­ја е ин­ду­стри­ски и еко­ном­ски цен­тар на Шпа­ни­ја, но се­па­ра­ти­стич­ко­то дви­же­ње ве­ќе со де­це­нии е во по­раст. Еве зо­што не­за­вис­на­та по­кра­и­на­та би мо­же­ла да ста­не след­ни­от го­лем проб­лем на Евро­па.

 

Што се слу­чу­ва во Ка­та­ло­ни­ја?

На 27 сеп­тем­ври ќе се из­би­ра­ат 135 пра­те­нич­ки ме­ста, а из­бор­на­та кам­па­ња за­поч­на со пол­на па­реа на 11 сеп­тем­ври. Изг­ла­са­ни­от пар­ла­мент ќе го изг­ла­са пре­тсе­да­те­лот на Ка­та­ло­ни­ја.

Се оче­ку­ва пар­ти­и­те што се за­ла­га­ат за не­за­вис­ност да до­би­јат пред­ност на из­бо­ри­те – по трет­пат во пос­лед­ни­те пет го­ди­ни – и по­крај тоа што мо­же да за­вр­шат со ко­а­ли­ци­ја.

По­сто­е­ле по­дел­би ме­ѓу пар­ти­и­те што се за от­це­пу­ва­ње, но, се­га тие се по­де­ле­ни во две гру­пи – Да, ние мо­же­ме (Sí que es pot) и За­ед­но за Да (Junts pel Sí). Вто­ра­та гру­па ја вклу­чу­ва и по­ли­тич­ка­та пар­ти­ја на акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел на Ка­та­ло­ни­ја (и ини­ци­ја­тор на из­бо­ри­те), Ар­тур Мас.

Уште еден кан­ди­дат на За­ед­но за Да е тре­не­рот на Ба­ерн Мин­хен и по­ра­неш­ни­от шеф на ФК Бар­се­ло­на, Пеп Гвар­ди­о­ла, иа­ко тој не­ма да го за­зе­ме сво­е­то ме­сто ако по­бе­ди. – Кол­ку по­ве­ќе лу­ѓе гла­са­ат, тол­ку по­до­бро ќе би­де за Ка­та­ло­ни­ја, Шпа­ни­ја и за Евро­па – ре­че тој во ју­ли.

 

Зо­што Ка­та­лон­ци­те са­ка­ат не­за­вис­ност?

Од­го­во­рот на ова пра­ша­ње се на­вра­ќа до 1469 го­ди­на, ко­га кру­на­та на Ара­гон и на Ка­та­ло­ни­ја пад­на во ра­це­те во Ка­сти­ли­јан­ци­те со склу­чу­ва­ње­то на бра­кот ме­ѓу Фер­ди­нанд од Ара­гон и Иза­бе­ла од Ка­сти­ли­ја. Ка­та­ло­ни­ја би­ла моќ­на су­ве­ре­на др­жа­ва со свој пар­ла­мент сè до 1162 го­ди­на, ко­га се обе­ди­ни­ла со Ара­гон. Но, обе­ди­ну­ва­ње­то со Ка­сти­ли­ја оз­на­чи­ло не­што ка­ко обрат­но пре­зе­ма­ње. Др­жа­ва­та Ка­та­ло­ни­ја офи­ци­јал­но бе­ше уки­на­та во 1714 го­ди­на; мно­гу­ми­на Ка­та­лон­ци ве­ру­ва­ат де­ка от­то­гаш нив­на­та кул­ту­ра, тра­ди­ци­ја и ја­зик по­сте­пе­но се уни­шту­ва­ат, до­стиг­ну­вај­ќи го дно­то под ди­кта­ту­ра­та на ге­не­ра­лот Фран­ко (1939-1975).

По об­но­ву­ва­ње­то на де­мо­кра­ти­ја­та кон кра­јот на ’70-ти­те, Ка­та­ло­ни­ја е ед­на од 17 авто­ном­ни за­ед­ни­ци во Шпа­ни­ја. Но, по­ви­ци­те за це­лос­на не­за­вис­ност про­дол­жи­ја да рас­тат, осо­бе­но по фи­нан­си­ски­от крах од 2007-2008 го­ди­на и по мер­ки­те за ште­де­ње на­мет­на­ти од по­ра­неш­ни­от со­ци­ја­ли­стич­ки пре­ми­ер, Хо­зе Лу­ис Ро­дри­гез За­па­те­ро, и од не­го­ви­от кон­зер­ва­ти­вен нас­лед­ник, Ма­ри­ја­но Ра­хој.

Ед­на од глав­ни­те поп­ла­ки на Ка­та­лон­ци­те е тоа што нив­ни­те да­ноч­ни при­хо­ди ги суб­вен­ци­о­ни­ра­ат дру­ги­те де­ло­ви на Шпа­ни­ја: во 2010 го­ди­на, Ка­та­лон­ци­те ѝ пла­ти­ја да­нок и да­вач­ки од 61,87 ми­ли­јар­ди евра на шпан­ска­та вла­да, од кои им се вра­ти­ја са­мо 45,33 ми­ли­јар­ди евра.

Ка­та­лон­ска­та вла­да со­оп­шти де­ка ќе до­би­е­ла на­зад осум про­цен­ти од сво­јот БДП, ако не мо­ра­ла да на­пра­ви фи­скал­ни транс­фе­ри за шпан­ски­те вла­сти.

Но, се раз­би­ра, не са­ка­ат си­те Ка­та­лон­ци не­за­вис­ност. Про­фе­де­ра­ли­стич­ки­те гру­пи ја вклу­чу­ва­ат и пар­ти­ја­та на Ра­хој – цен­трал­но-дес­ни­чар­ска­та На­род­на пар­ти­ја и Со­ци­ја­ли­стич­ка­та пар­ти­ја на Ка­та­ло­ни­ја – ре­ги­о­нал­ни­от огра­нок на глав­на­та цен­трал­но-ле­ви­чар­ска опо­зи­ци­ска пар­ти­ја во Шпа­ни­ја, Со­ци­ја­ли­стич­ка­та ра­бот­нич­ка пар­ти­ја.

 

Не­ли ми­на­та­та го­ди­на се одр­жа ре­фе­рен­дум за не­за­вис­ност?

На не­кој на­чин, да; 2,2 ми­ли­о­ни гла­са­чи од 5,4 ми­ли­о­ни ква­ли­фи­ку­ва­ни го да­доа сво­јот глас на не­о­фи­ци­јал­ни­от ре­фе­рен­дум на 9 но­ем­ври 2014 го­ди­на, ка­де 80,7 про­цен­ти се из­јас­ни­ја за не­за­вис­ност на Ка­та­ло­ни­ја. Цен­трал­на­та вла­да во Ма­дрид же­сто­ко се бо­ре­ше да го бло­ки­ра гла­са­ње­то.

Мно­гу про­син­ди­кал­ни гла­са­чи се од­лу­чи­ја да оста­нат до­ма, со ог­лед на не­о­фи­ци­јал­но­ста на гла­са­ње­то. Се­пак, Ар­тур Мас из­ја­ви де­ка гла­са­ње­то по­ка­жа де­ка Ка­та­ло­ни­ја го зас­лу­жи пра­во­то на ре­фе­рен­дум. Иа­ко Ма­дрид од­би­ва­ше да го сме­ни ста­вот, во ја­ну­а­ри тој по­ви­ка на пред­вре­ме­ни ре­ги­о­нал­ни из­бо­ри за сеп­тем­ври, а од ре­зул­та­ти­те за­ви­си и пра­ша­ње­то за про­дол­жу­ва­ње на бор­ба­та за оса­мо­сто­ју­ва­ње.

svet159-catalonia-2

Артур Мас

 

Што ќе се слу­чи ако се­па­ра­ти­стич­ки пар­тии дој­дат на власт?

Ако бло­кот што се за­ла­га за не­за­вис­ност го до­бие мно­зинс­тво­то, тој би мо­жел да пре­зе­ме че­ко­ри да се на­пра­ви фор­мал­на дек­ла­ра­ци­ја за не­за­вис­ност во рок од 18 ме­се­ци, ка­ко на при­мер, из­го­тву­ва­ње на ка­та­лон­ски устав.

Акти­ви­сти­те што се за­ла­га­ат за не­за­вис­ност се за­ка­ни­ја де­ка ќе на­пра­ват ит­на дек­ла­ра­ци­ја ако Ма­дрид се оби­де да го за­пре про­це­сот.

– Ние сме се­ри­оз­ни во вр­ска со ова и си­те тре­ба да раз­бе­рат де­ка ќе го на­пра­ви­ме тоа – из­ја­ви за „Ел Па­ис“ Ра­ул Ро­ме­ва, кан­ди­дат на За­ед­но за Да.

– Се оби­дов­ме на се­кој друг мо­жен на­чин, но тие не ни доз­во­лу­ва­ат. Ова е мож­ност да го на­пра­ви­ме тоа што не мо­жев­ме да го на­пра­ви­ме на 9 но­ем­ври и да до­би­е­ме де­мо­крат­ски ман­дат – ве­ли тој.

Мас отво­ре­но збо­ру­ва­ше за по­ста­ву­ва­ње на др­жав­ни стру­кту­ри, ка­ко што е нов да­но­чен ор­ган, со­ци­јал­на си­гур­ност, дип­ло­мат­ска служ­ба, цен­трал­на бан­ка, па ду­ри и од­бран­бе­на си­ла. – Не­воз­мож­но е Ка­та­ло­ни­ја да не­ма сопс­тве­на од­бран­бе­на стру­кту­ра, ду­ри и да е пос­ла­ба – из­ја­ви тој за „ФТ“ прет­ход­на­та не­де­ла.

Та­кви­те по­те­зи ќе на­и­дат на же­сто­ко спро­тив­ста­ву­ва­ње во Ма­дрид, ако не и на ди­ре­ктен аларм. – Не­за­вис­но­ста на Ка­та­ло­ни­ја ни­ко­гаш не­ма да се слу­чи. Тоа е глу­пост – из­ја­ви пре­ми­е­рот Ра­хој.

 

svet159-catalonia-3

Маријано Рахој

 

И на са­ми­от Ра­хој му прет­стои бор­ба за оста­ну­ва­ње на власт, со тоа што Шпа­ни­ја тре­ба да одр­жи оп­шти из­бо­ри до 20 де­кем­ври. Тој ќе се оби­де да ги за­др­жи сво­и­те гла­са­чи со тоа што ќе за­зе­ме твр­до­ко­рен став во вр­ска со ка­та­лон­ски­от се­па­ра­ти­зам.

Ду­ри и ако се­па­ра­ти­сти­те фор­ми­ра­ат мно­зинс­тво, не­за­вис­но­ста не­ма да се слу­чи, ве­лат ана­ли­ти­ча­ри­те од „Кре­дит свис“, ука­жу­вај­ќи на ед­на ан­ке­та од ју­ли што по­ка­жу­ва де­ка ка­та­лон­ска­та под­др­шка за от­це­пу­ва­ње од 50 про­цен­ти од пред две го­ди­ни пад­на­ла на 40 про­цен­ти.

– Про­дол­жу­ва­ме да ве­ру­ва­ме де­ка се­це­си­о­ни­стич­ка­та страст е од­го­вор на фи­скал­на­та дис­цип­ли­на. Го­лем дел од неа ќе се сре­ди ако вла­да­та во Ма­дрид по­втор­но пре­го­ва­ра за ин­тра­ре­ги­о­нал­ни­те транс­фе­ри со Ка­та­ло­ни­ја и на ре­ги­о­нот му се доз­во­ли да има по­го­ле­ма да­ноч­на авто­но­ми­ја – ве­лат тие.

Та­кви­те пре­го­во­ри не­ма да се слу­чат пред оп­шти­те из­бо­ри, за кои Мас ве­ти де­ка ќе се бо­ри ка­ко тре­то гла­са­ње за не­за­вис­ност.

 

Ка­ко ќе функ­ци­о­ни­ра не­за­вис­на Ка­та­ло­ни­ја?

Дек­ла­ра­ци­ја­та за не­за­вис­ност би мо­же­ла да пре­диз­ви­ка кри­за во Шпа­ни­ја и во ЕУ. По­сто­јат го­лем број мож­ни сце­на­ри­ја:

  • Ка­та­ло­ни­ја ќе про­дол­жи ка­ко авто­ном­на др­жа­ва во рам­ки­те на Шпа­ни­ја, нај­ве­ро­јат­но и со по­го­ле­ми ов­ла­сту­ва­ња
  • Ка­та­ло­ни­ја ќе ста­не но­ва член­ка на ЕУ пре­ку спо­год­бе­но ре­ше­ние со Шпа­ни­ја
  • Ка­та­ло­ни­ја ќе ста­не дел од Европ­ска­та асо­ци­ја­ци­ја за сло­бод­на тр­го­ви­ја, слич­но ка­ко Швај­ца­ри­ја или Нор­ве­шка, или ќе фор­ми­ра не­ка­ков би­ла­те­ра­лен до­го­вор со ЕУ
  • Ка­та­ло­ни­ја ќе би­де отфр­ле­на од ЕУ, со тоа што Шпа­ни­ја ќе на­пра­ви сè што е во неј­зи­на моќ за да ја изо­ли­ра от­це­пе­на­та др­жа­ва на ме­ѓу­на­род­но ни­во.

svet159-catalonia-4

Да­ли Ка­та­ло­ни­ја ќе пре­жи­вее ка­ко не­за­вис­на др­жа­ва?

Од­го­во­рот за­ви­си од ус­ло­ви­те на раз­во­дот на ре­ги­о­нот од Шпа­ни­ја.

От­це­пу­ва­ње­то ќе им на­ште­ти и на Ка­та­ло­ни­ја и на Шпа­ни­ја за кра­тко вре­ме, но, нај­мал­ку еден из­ве­штај по­со­чи де­ка до 2030 го­ди­на, ре­ги­о­нот мо­же зна­чи­тел­но да се по­до­бри ка­ко не­за­вис­на др­жа­ва.

Цен­та­рот за ме­ѓу­на­род­ни ра­бо­ти во Бар­се­ло­на, во со­ра­бо­тка со Цен­та­рот за европ­ски по­ли­тич­ки сту­дии во Бри­сел по­твр­ду­ва: От­це­пу­ва­ње­то на Ка­та­ло­ни­ја од Шпа­ни­ја е од ко­рист за Ка­та­ло­ни­ја во си­те слу­чаи, што, во го­ле­ма ме­ра, го одра­зу­ва по­зи­тив­но­то вли­ја­ние од пре­ки­ну­ва­ње­то на фи­скал­ни­те транс­фе­ри на Ка­та­ло­ни­ја до оста­на­ти­от дел на Шпа­ни­ја.

Ка­та­лон­ско­то БДП из­не­су­ва 209 ми­ли­јар­ди евра, приб­лиж­но ка­ко пор­ту­гал­ско­то. Но, еко­но­ми­ја на Ка­та­ло­ни­ја си­гур­но ќе пре­тр­пи пос­ле­ди­ци по от­це­пу­ва­ње­то, ка­ко што е слу­ча­јот со Че­шка и Сло­вач­ка, по нив­на­та при­ја­тел­ска по­дел­ба во 1993 го­ди­на.

Ако Ка­та­ло­ни­ја би­де исфр­ле­на од ЕУ, таа ќе мо­ра да во­ве­де но­ва ва­лу­та; да го вра­ќа јав­ни­от долг во стран­ска ва­лу­та без при­стап до па­за­ри­те на об­врз­ни­ци; и ќе има огра­ни­чен при­стап до па­за­рот на ЕУ. Исто та­ка, не­ма да мо­же да по­ба­ра по­мош од Европ­ски­от ме­ха­ни­зам за ста­бил­ност (ЕСМ) и од Европ­ска­та цен­трал­на бан­ка (ЕЦБ).

Шпа­ни­ја ќе ста­не нај­го­лем тр­гов­ски парт­нер на Ка­та­ло­ни­ја, но Ма­дрид би мо­жел да по­ба­ра да се на­до­ме­стат не­кои од ми­ли­јар­ди­те што ќе ги из­гу­би од да­ноч­ни­те при­хо­ди од ре­ги­о­нот, со тоа што ќе на­мет­не ца­рин­ски та­кси на ка­та­лон­ски­те сто­ки и ус­лу­ги.

Стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри мо­же­би ќе раз­мис­лат два­па­ти за да ин­ве­сти­ра­ат во от­це­пе­на­та др­жа­ва до­де­ка по­стои прав­на и по­ли­тич­ка не­ста­бил­ност.

 

Да­ли не­за­вис­на Ка­та­ло­ни­ја мо­же да оста­не во ЕУ?

Ова оста­ну­ва ка­ко не­од­го­во­ре­но пра­ша­ње, исто ка­ко и шкот­ска­та кам­па­ња за не­за­вис­ност од ми­на­та­та го­ди­на.

Са­ма­та вла­да на Ка­та­ло­ни­ја, во ед­на сту­ди­ја што го разг­ле­ду­ва­ше овој проб­лем, приз­на де­ка ЕУ мо­же да од­бие да за­поч­не раз­го­во­ри за по­втор­но при­ма­ње во Уни­ја­та, или по­ра­ди тоа што не е под­го­тве­на да ја приз­нае Ка­та­ло­ни­ја ка­ко др­жа­ва или за­тоа што пре­го­во­ри­те за членс­тво на Уни­ја­та се бло­ки­ра­ни.

Се­пак, таа, исто та­ка, го истак­на ек­стрем­но фле­кси­бил­ни­от и праг­ма­ти­чен став на ЕУ во ре­ша­ва­ње­то на не­пред­ви­де­ни проб­ле­ми.

Се раз­би­ра, се­кој та­ков по­вто­рен влез во ЕУ ќе би­де ос­по­ру­ван од Ма­дрид, кој ќе сме­та на под­др­шка­та на Бер­лин. Та­ка, Ан­ге­ла Мер­кел би мо­же­ла да ги има пос­лед­ни­от збор – не­што што на Гр­ци­те им е до­бро поз­на­то.

 

Из­вор: „Те­ле­граф“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top