| четврток, 6 декември 2018 |

Пајакот црна вдовица во Природонаучниот музеј на Македонија (видео)

Тематската изложба „Чудесниот свет на пајаците“, која е сопственост на Полјаците Себастијан Вадицки и Јацек Пацина, гостува во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Изложбата содржи 40 живи експонати, меѓу кои и најотровниот пајак, најголемиот пајак на светот познат како голијатски јадач на птици, потоа популарната црна вдовица и најголемата императорска скорпија.

pajakot-i-deteto

Оваа изложба гостувала во повеќе европски природонаучни музеи како што се Кралскиот музеј за централна Африка во Брисел, Сенкербешкиот музеј во Дрезден, потоа во Финска, Естонскиот музеј на природата во Талин, Природонаучните музеи во Загреб, Сплит, Букурешт.

– Посетата на изложбата овозможува една блиска средба на луѓето со видови за кои имаат лоши емоции и погрешно мислење, за потоа да го променат чувството во разбирање и симпатија за тие убави и корисни животни – вели Емилија Стојкоска, виш кустос во Природонаучниот музеј на Македонија.

pajak

Изложбата ќе трае до 22 ноември и финансиски е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top