Македонскио шампион РК Вардар во рамките од второто коло од Лигата на шампионите во „пеколот“ во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува унгарскиот вицешампион Пик Сегед. Ова ќе биде прв натпревар за „црвено-црните“ на свој терен пред своите навивачи.
Двете екипи во првото коло остварија победи, вардарци победија на гостувањето во Монпелје, додека Пик Сегед оствари сензационална победа над Кјеце.
Натпреварот се игра в недела од 17.30 часот и домашните навивачи очекуваат сигурна победа и потврда на триумфот од неделата на гости кај Монпелје. Нема сомнение дека на отворањето на сезоната на домашен терен салата ќе биде преполна, а тоа го знаат и противничките ракометари.
Српскиот интернационалец, левото крило на Пик Сегед, Марко Чурувија добро го познава македонскиот ракомет бидејќи настапуваше долги години во македонскиот шампионат и за Вардар и за Металург.
– Го сакам Скопје, Вардар е малку поблиску до моето срце отколку Металург. Атмосферата таму е неверојатна, не очекува вистински пекол затоа што Вардар има огромна армија навивачи. Сепак, верувам во победа, а против Киелце докажавме дека можеме да играме со сите екипи – изјави Чурувија на два дена пред мечот со Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.