Синоќа во француската Лига 1 се одигра последниот натпревар од седмото коло. Екипата на Монако гостуваше кај Монпелје и со неверојатен пресврт во второто полувреме успеа да слави со 3-2.
Домашната екипа по првите 45 минути водеше со 2-0 и се чинеше дека ќе го добие натпреварот. Тоа не го мислеа фудбалерите од малото кнежевство, кои на неверојатен начин се вратија во мечот и во судиското продолжение од пенал го постигнаа третиот гол за победа.
По првите 45 минути, домаќинот обезбеди водство од 2-0, со голот на Конгре и автоголот на Карилјо. Во вториот дел Коентрао го намали резултатот, Лемар израмни на 2-2, а Фабињо од пенал, и тоа во третата минута од судиското продолжение донесе голема победа за Монако. Сепак најзаслужен за третиот гол е Фабио Коентрао кој успеа да се загради пред голманот на Монпелје и со неговата несмасна интервенција да изнуди удар од 11 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)