Подготовските за свадбената веселба на Себерина и Игор Којиќ, која ќе се одржи на 21 ноември, веќе се во полн ек.
Регионалните медиуми известуваат за секој детаљ од „свадбата на деценијата“, како што ја нарекуваат венчавката на хрватската ѕвезда и нејзиното 15 години помладо момче.
Како што пренесува српски „Блиц“, вечерата за еден гостин ќе чини по 70 евра, а на прославата се поканети 500 гости. За синот на Северина, тригодишниот Александар, ќе се дизајнира посебна облека.
– Младенците за своите 500 гости платиле 35.000 евра само за вечерата. Гостите ќе можат да уживаат во прекрасните морски плодови и разни видови на јадења од месо – раскажува близок извор на двојката.
Севе и Игор ќе преспијат две ноќи во луксузен апартман. Со доручек и вечера, тоа би ги чинело 700 евра. Меѓутоа младенците овој апартман ќе го добијат бесплатно, изјавиле од хотелот „Краун плаза“ каде на големо се подготвува венчавката која е закажана за 21 ноември.
Извор за српски „Блиц“ изјавил дека Севе внимава на секој детаљ од венчавката, и сака се да биде гламурозно и за паметење.
Преку сто гости кои живеат надвор од Србија за венчавката ќе преспијат една ноќ во хотел, а за овој луксуз младениците ќе мора да издвојат и до 170 евра по човек.
На менито ќе се најдат разни јадења и предјадења, вино, шампањско по желба на младенците.
Со оглед на тоа што двојката има многу пријатели музичари, многу колеги се понудиле да свират и пејат гратис на свадбата.
На списокот на поканети се нашле Петар Грашо, Наташа Беквалац, Тања Савиќ, Шабан Шаулиќ, Лепа Брена, Ана Бекута и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.