| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Кокев: Вре­ме е да се оби­де­ме на ме­ѓу­на­род­ни­от па­зар

Во Скоп­је, па и во Ма­ке­до­ни­ја, ве­ќе има се­ри­о­зен број де­лов­ни же­ни, кои освен во кан­це­ла­ри­ја, го­лем дел од ра­бот­но­то вре­ме го по­ми­ну­ва­ат и на де­ло­вен ру­чек или на ве­че­ра. Не­ка­ко ми не­до­стигаше гар­де­ро­ба што ќе би­де и де­лов­на и се­којд­нев­на, но, се­пак, со еден ди­зај­нер­ски пе­чат, гар­де­ро­ба што мал­ку ќе из­ле­гу­ва од кли­ше­то на ко­стим или здол­ни­ште-пан­та­ло­ни за на ра­бо­та, ве­ли Ко­кев

Ма­ке­дон­ска­та диз­ја­нер­ка Та­ња Ко­кев де­сет го­ди­ни е пре­поз­нат­ли­ва по еле­гант­ни­те фу­ста­ни и по вен­ча­ни­ци кои из­ле­гоа од неј­зи­но­то ател­је и кои на важ­ни на­ста­ни ги но­сат си­те јав­ни и по­мал­ку јав­ни лич­но­сти во др­жа­ва­та. По ед­на де­це­ни­ја, Ко­кев ја прет­ста­ви но­ва­та прет а пор­те ко­лек­ци­ја „Ло­верс“ есен-зи­ма 2015-2016 го­ди­на и по­ка­жа ка­ко ја гле­да со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска же­на. Ро­ман­тич­на, еле­гант­на, ед­но­став­на, но и стро­га и де­лов­на. За изра­бо­тка на мо­де­ли­те, Ко­кев ко­ри­сте­ше лу­ксуз­ни тка­е­ни­ни од мод­ни­те ку­ќи „Ва­лен­ти­но“, „Ша­нел“ и „Ар­ма­ни“, а беа до­пол­не­ти со чев­ли и со ре­ме­ни со пот­пис на „Ко­кев“.

Че­сти­тки и за ус­пеш­на­та ре­ви­ја во пре­у­ба­ви­от ам­би­ент на Кур­шум­ли ан. За­до­вол­на сте ка­ко по­ми­на це­ли­от на­стан?

КО­КЕВ: Ви бла­го­да­рам мно­гу. Не­скром­но е да ка­жам де­ка не сум за­до­вол­на, по­себ­но што ра­бо­тев со тол­ку го­ле­ми про­фе­си­о­нал­ци ка­ко Де­јан Прој­ков­ски, Ма­ја Ча­на­че­виќ и Џи­јан Емин, од­нос­но Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар и Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. По це­ли­от стрес што го имав­ме со вре­мен­ски­те не­по­го­ди, до пос­лед­но не зна­ев­ме да­ли ќе вр­не или не, ду­ри и не­бо­то ни се отво­ри и ус­пе­ав­ме да ја изре­а­ли­зи­ра­ме во комп­лет на­ша­та иде­ја. Пре­за­до­вол­на и мно­гу среќ­на што имав чест да ра­бо­там со нив.

Kokev esen 2015 (9) (Custom)

„Ко­кев“ низ го­ди­ни­те се етаб­ли­ра­ше ка­ко мод­но ател­је кое изра­бо­ту­ва на­мен­ски све­че­ни и вен­чал­ни кре­а­ции, а на пос­лед­на­та ре­ви­ја пре­зен­ти­ра­вте се­којд­нев­ни мод­ни пар­чи­ња. Кол­ку вре­ме ја пла­ни­ра­вте оваа ко­лек­ци­ја?

КО­КЕВ: Ка­ко иде­ја ја имав мно­гу го­ди­ни, а ја ре­а­ли­зи­рав за око­лу ед­на го­ди­на. Оваа ко­лек­ци­ја е мно­гу раз­лич­на од сè она што го ра­бо­ти мо­е­то ател­је. На­у­чив­ме мно­гу, вле­гов­ме во еден со­се­ма друг дел од мод­на­та ин­ду­стри­ја и по­ну­див­ме на па­за­рот ед­на се­којд­нев­на и де­лов­на гар­де­ро­ба.

Ма­те­ри­ја­ли­те во оваа ко­лек­ци­ја се со­вр­ше­ни и Вие ја про­дол­жи­вте со­ра­бо­тка­та со „Ва­лен­ти­но“, а ја збо­га­ти­вте со „Ар­ма­ни“ и со „Ша­нел“. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за ма­те­ри­ја­ли­те, ка­ко тие се вкло­пи­ја во „Ко­кев“?

Kokev esen 2015 (19) (Custom)

КО­КЕВ: Ка­ко да се соз­да­де­ни еден за друг. Комп­лет­но „лег­наа“ во мо­ја­та иде­ја за ро­ман­ти­ка, за ед­но­ста­вен крој, за ед­на веч­на кла­си­ка. Тоа се пре­у­ба­ви тка­е­ни­ни кои не доз­во­лу­ва­ат мно­гу екс­пе­ри­мен­ти­ра­ње во кро­е­ви, ту­ку ед­но­став­ни ли­нии кои ја наг­ла­су­ва­ат уба­ви­на­та на жен­ско­то те­ло. Она што е нај­важ­но за овие тка­е­ни­ни, е де­ка си­те се сто от­сто при­ро­ден ма­три­јал, она што во овој ха­ос од по­ли­е­стер­ни ма­три­ја­ли ќе би­де ви­стин­ско осве­жу­ва­ње.

Од но­ва­та ко­лек­ци­ја по­себ­но се изд­во­ју­ва­ат фу­ста­ни­те ка­ко ман­ти­ли. Ту­ка се и са­ко­а­та, пан­та­ло­ни­те, здол­ни­шта­та и се­ка­ко, ре­ме­ни­те, ка­ко ва­жен де­таљ во се­ко­ја ком­би­на­ци­ја. Да­ли та­ка Та­ња Ко­кев ја за­мис­лу­ва со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска же­на?

КО­КЕВ: Во Скоп­је, па и во Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе има се­ри­о­зен број де­лов­ни же­ни, кои освен во кан­це­ла­ри­ја, го­лем дел од ра­бот­но­то вре­ме го по­ми­ну­ва­ат и на де­ло­вен ру­чек или на ве­че­ра. Не­ка­ко ми не­до­ста­су­ва­ше гар­де­ро­ба ко­ја ќе би­де и де­лов­на и се­којд­нев­на, но се­пак, со еден ди­зај­нер­ски пе­чат, гар­де­ро­ба ко­ја мал­ку ќе из­ле­гу­ва од кли­ше­то на ко­стим или здол­ни­ште-пан­та­ло­ни за на ра­бо­та. Фу­ста­нот ка­ко ман­тил за ме­не е ток­му тој по­го­док, стро­го де­лов­но, ме­ѓу­тоа ма­кси­мал­но женс­тве­но.

Ко­ја е Ва­ша­та оми­ле­на ком­би­на­ци­ја од ко­ле­ци­ја­та есен-зи­ма 2015/2016 го­ди­на?

Kokev esen 2015 (20) (Custom)

КО­КЕВ: Зе­ле­ни­от сви­лен фу­стан, ди­зај­ни­ран со був­чи­ња и со цве­то­ви во ком­би­на­ци­ја со ман­тил и бе­жо­ви­те чев­ли со ро­зо­ва пан­дел­ка.

Мо­де­ли­те на ре­ви­ја­та беа збо­га­те­ни и со чев­ли со пот­пис „Ко­кев“, а на­ско­ро нај­а­ву­ва­те и чан­ти со Ваш пот­пис. Од кој ма­те­ри­јал се изра­бо­те­ни чев­ли­те и чан­ти­те и од ко­га ќе би­дат во про­даж­ба?

КО­КЕВ: Чев­ли­те се изра­бо­те­ни од нај­ква­ли­тет­на ко­жа, и тоа вна­треш­но, над­во­реш­но и ду­ри и ѓо­нот е изра­бо­тен од ко­жа. Бо­и­те се комп­лет­но прис­по­со­бе­ни на бо­и­те на ко­лек­ци­ја­та, та­ка што сè е ед­на це­ли­на. Чан­ти­те исто та­ка ке би­дат изра­бо­те­ни са­мо од ко­жа, ќе ги про­мо­ви­ра­ме за­ед­но со лет­на­та ко­лек­ци­ја на­про­лет.

„Ко­кев“ се ши­ри и на ме­ѓу­на­ро­ден па­зар. На­ја­ви­вте отво­ра­ње на са­лон во Бел­град. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за тоа? Ка­кви се Ва­ши­те ид­ни пла­но­ви?

КО­КЕВ: Мис­лам де­ка е вре­ме по­ле­ка да се оби­де­ме на па­за­рот над­вор, пр­ва ста­ни­ца ни е Бел­град, и тоа на­ско­ро, ве­ке бро­и­ме де­но­ви. За по­на­та­му е мно­гу ра­но да се збо­ру­ва. Се­га да им се по­све­ти­ме на Скоп­је и Бел­град и на на­ши­те кли­ен­ти.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top