Дизајнерката Тања Кокев вечерва во 20 часот во ГТЦ во Скопје ќе го отвори новиот салон „Кокев“ во кој ќе има и работен и изложбен простор.
– Подолго време размислувам „Кокев“ да го преселам во еден поинаков простор, кој ќе биде подостапен, ќе има излог и со кој ќе може постојано да си „играме“ и да ги претставуваме новите колекции. ГТЦ е сепак во центарот на градот каде што сметам дека и „Кокев“ треба да биде позициониран – вели македонската модна дизајнерка.
Таа го уреди и ентериерот на новиот салон. Целиот простор е осмислен и дизајниран од Кокев.
– Станува збор за таканаречен „френч кантри стајл“, односно суптилна романтика која се гледа преку дезените на ѕидовите, рустични подови, наспроти модерното осветлување. Сиот простор е надополнет со многу цветови изработени од свилена органза. Според мене, просторот треба да го претставува брендот во целост. Важно е да има позитивна енергија и многу светлина и сите да се чувстуваат конфорно и убаво, и клиентите и вработените – изјави Тања Кокев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тања Кокев: Неостварена желба ми е да имам свој ресторан
-
Претставена новата колекција есен-зима: Кокев се врти и кон машката мода (галерија)
-
Владимир Весовиќ и Зоран Стефановиќ-специјални гости на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2017“
-
Луксузните модели на „Порше“ сега во нов ексклузивен салон на Порше Македонија