Триесет и двегодишниот Македонец, Давид Стојчевски, син на македонски иселеници, починал во ужасни услови во затвор во Детроит, објавија американските медиуми.
Давид бил осуден на 30 дена затвор за казна од 772 долари заради непрописно возење, што не можел да ја плати, а веќе 17. ден починал во една од ќелиите гол и во лоша здравствена состојба, без медицинска помош. За само седумнаесет дена ослабел 25 килограми.
Давид бил наркозависник на рехабилитација и примал метадонска терапија, но не добил соодветна детоксикациска ќелија, ниту, пак, нега и помош. Откако почнал да се однесува чудно, да халуцинира и да зборува сам со себе, Стојчевски бил преместен во ментална ќелија за набљудување во случај да се самоубие, каде што на затворениците не им е дозволено да носат облека заради сопствена безбедност.
На видеото се гледа како неговото тело трепери додека тој лежи на студениот под во ќелијата сѐ до неговата смрт. Давид умира гол во американскиот затвор.
Неговото семејство тврди дека тој бил запоставен додека бил во затвор и сака целиот свет да ја види агонијата на нивниот син, за во иднина да не се повтори.
DEFENDERS EXCLUSIVE: Man jailed for ticket dies in custody in Macomb County.
Posted by WDIV Local 4 / ClickOnDetroit on Thursday, September 24, 2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија