Најголемиот дел од проблемите на вработените во Македонски железници добија разрешница.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на МЖ Никола Костов дадоа натчовечки напори да го исплатат заостанатото и во директни преговори со вработените од Железници за кус период обезбедија исплата на застанатите плати за јуни и јули, и половина плата за август во вкупен износ од 108 милиони денари. Исплатен е и надомест за изминат километар и е исплатена награда за професионално извршена работа.
Исто така решен е и проблемот со здравствено осигурување, а е дадено цврсто ветување дека другата половина од плата за август ќе ја добијат идната недела. За една недела се исплатија на вработените над 114 милиони денари, a вработените и синдикатите го поздравија договорот и исполнетите обврски.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека врз основа на постигнатиот договорот меѓу министерот Мисајловски, директорот на МЖ Транспорт АД и синдикатите кои се вклучија во преговорите, досега исплатена е цела плата за месец јуни во износ од 43 милиони денари, исплатена е цела плата на месец јули во износ од 43 милиони денари, исплатена е денеска половина плата за мецес август во износ од 22 милиони денари, исплатен е надомест за изминат километар во износ од 5 милиони денари и исплатена е награда за професионална извршена работа на 36 вработени во вкупен износ од 510 илјади денари
-Притоа решен е проблемот и со здравственото осигурување, а идната недела вработените ќе ја земат и другата половина од платата за месец август која е договорена според планот за исплата а е барање на сидникатите што преговараа. Мораме да истакнеме дека платите што доцнеа се исплатени и пред договорените рокови, односно во еден месец исплатени се над 114 милиони денари. Сметаме дека постои обид за политизирање на штрајкот од одредени структури, што сметаме дека е неодговорен однос кон сите вработени во Железницата. Мора да истакнеме дека синдикатот кој штрајкува незаконски уште од самиот почеток, нанесува огромни штети во Железницата, стои во соопштението од Министерството.
-Со големо задоволство можам да кажам ние денес ја исплативме платата, односно една ипол плата. Земена е платата за месец јули целата, а денес и за првиот дел од месец август. На машиновозачите оној надоместок кој се однесува за километар им е исплатен пред време или во рок од два месеци во износ од пет милиони денари. На дел од машиновозачите во вкупен износ од 46 вработени им се исплатени надоместоци како еден вид награда, стимул за вложениот труд и ангажманот кој го дадоа во последните десет дена за време на неработењето на дел од машиновозачите. За жал има една мала група од 30-тима луѓе со екстремни барања кои излегуваат надвор од рамките на синдикалното и рбаотничкото барање со што предизвикуваат револт кај останатите кои сакаат да работата, вели директорот Костов.
Единствен кој не го почитува договореното и кој сака да го руши реализираното е синдикатот на Душко Чакаровски кој и понатаму одбива да работи и го саботира договорот. Ваквото саботирање за многумина има и политичка заднина и остварување на партиско политички интереси особено по постигнатото решение и немањето на аргумент за штрајк.
Револтирани машиновозачи денес го нападнаа Душко Чакаровски дека го крши договорот и дека неговото противење е апсурдно и на штета на фирмата.
-Тоа што беше договорено со директорот,кога го започнавме штрајкот, се испочитува сè во потполност. Беше договорено да ни се исплати јулската плата во целост и до 25-ти да се исплати првиот дел за август. Ја пуштија платата денес, коректно испадна се од страна на директорот.Кој како мисли така нека работи, сите се над 50 години, секој има мозок, нека размислуваат. Апел до колегите да си почнеме да си работиме, човекот стои на збор, тоа што е договорено, ќе го исполни. Работа имаме турбо, само со работа можеме да земеме плата, никој не ни дава милостина, вели Орце Стефаноски од Синдикатот на машиновозачи на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.