Самофотографирањето на кралското семејство ги шокираше конзервативните Британци, но ги расположи сите други на Островот. На фотографијата кралицата Елизабета Втора прави фотографија со својот мобилен телефон, а покрај неа се и другите членови на семејството, по што клика на „ајфон“. До неа на креветот седат насмеаната Камила, Кејт (со громогласниот принцот Џорџ) и нејзината мајка Керол Мидлтон. Зад нив е принцот Вилијам, кој прави зајаче со прсти врз главата на негоава баба – кралицата.
Фотографијата е уникатна и ќе заслужуваше внимание, но само ако беше вистинска.
За жал таа е инсценирана со восочни фигури и е инспирирана од најпопуларната слика на годината – самофотографирањето од „Оскарите“. Фотографијата е направена од лажно кралско семејство, а виновник е фотографот Алисон Џексон, која има опсесија да снима восочни фигури на познати луѓе во бизарни пози.
Џексон има направено фотосесија со младото семејство во кујната во палатата Кенсингтон, а фотографијата е во духот на просечното британско семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.