| четврток, 6 декември 2018 |

Два трупа во распаѓање пронајдени во Битолско и во Тетово

Два машки трупа во фаза на распаѓање вчера се пронајдени во Битолско и во Тетово. Вчера околу 14 часот случаен минувач во атарот на селото Доленци во битолско нашол тело од мртов маж. По увидот на битолската полиција, констатирано е дека се работи за 75-годишниот Зулал Назифи од Ресен, кој на 25 минатиот месец бил пријавен за исчезнат.

police12

Два часа претходно во својот стан на улицата „Маршал Тито“ во Тетово во фаза на распаѓање бил пронајден 63-годишниот Петре Кочоски, кој живеел сам.
Телета се предадени на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top