| четврток, 6 декември 2018 |

Гачевски блескаше во пенал-серијата, битолчаните во Работнички утнаа (видео)

gace

Филип Гачевски доби шанса да брани за Вардар и веднаш покажа дека има потенцијал да го замени репрезентативецот Томе Пачовски на голот на „црвено-црните“. Гачевски одбрани два удара од белата точка во пенал-серијата против Работнички и е вистински јунак во победата во Суперкупот. Вардар славеше со 4-3 на пенали, откако мечот во регуларниот дел заврши 1-1.

Интересно е што двата пенала за Работнички ги утнаа битолчаните Марјан Алтипармаковски и Кире Ристевски. Кај Вардар од белата точка пограши  само Филип Ивановски, кој го даде голот за „црвено-црните“ во регуларниот дел. Стрелец за Работнички беше Баже Илијоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top