Денешната програма на Млад отворен театар (МОТ) почнува напладне, со конференција на која режисери, драматурзи, актери ќе дискутираат за цензура и политички театар, за театарските фестивали и за извозниот момент на фестивалот.
Во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе гостува рускиот „Гогољ-центар“ од Москва со претставата „Самовили“. Станува збор за монолог за генерацијата со дваесет и нешто години, за времето нивно, за нивните соништа и проблеми. Ликови во претствата се млади момчиња и девојки што порано станале возрасни.
Во рамките на „Македонскиот преглед“ ќе настапат театарската група „Гнев“ со „Време на забава“, во 23 часот во Младинскиот културен центар. Режијата, адаптицијата и дизајнот е на Зоја Бузалковска. Претстaвата се занимава со „извршителот“ на наредбите и со „наредбодавачот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.