Каталонскиот гигант Барселона во петтото коло во Примера дивизија беше буквално торпедирана во Виго од екипата на Селта со 4-1.
Меси и другарите не беа ни бледа сенка од натпреварите на кои сме навикнале да ги гледаме. Селта по само 56 минути игра веќе имаше недостижна предност од 3-0. Резултатот го отвори Нолито во 26 минута, на 2-0 зголеми Аспас по само четири минути по првиот гол, а истиот играч во 56 минута ја доведе Селта во недостижна предност и водство од 3-0 во 56 минута. Единствениот гол за каталонците беше дело на Нејмар во 80 минута, а конечните 4-1 ги постави Гуидети само три минути подоцна за дебакл на Барселона.
Со новите три бода Селта се искачи на второто место на табелата со 13 бодови.
Во останатите два натпревари во терминот од 20 часот, Леванте на домашен терен одигра 2-2 против Еибар, Рајо Валјекано го победи Спортинг Хихон со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)