| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се плаши од лична одговорност за скандалот во Општина Центар

По разрешувањето на директорката на ОУ „11 Октомври“ од страна на Градоначалникот Андреј жерновски, ВМРО-ДПМНЕ упати писмена реакција. Ова е интегралниот текст:

Градоначалникот на општина Центар сноси одговорност за случувањата во образовната установа бидејќи таа надлежност ја има со закон.

Градоначалникот на општина Центар треба да одговори дали инвестирал еден денар во подобрување на условите на ова училиште, или сите пари завршија под калдрмата на боемската улица.

Градоначалникот на општина Центар треба да знае дека постои вакво училиште во неговата општина, а не да се сети на него откако деца ќе имаат здравствени проблеми поради негрижата на главниот патрон на училиштата и директно одговорен за она што се случува во нив – општина Центар со која раководи Андреј Жерновски.

Андреј Жерновски треба да одговори дали отишол еднаш да го посети ООУ „11 Октомври“ кога нема камери пред кои ќе може политички да поентира врз невиниот грб на малите деца кои се стекнале со здравствени проблеми и да ги види условите во кои функционираат децата за кои мандаторно мора да се грижи.

Ако навистина сака лоцирање на вината, Андреј Жерновски треба да се разреши самиот себеси, пред на општина Центар да и’ се случат уште поголеми несреќи од оваа.

Тој не може себе си да се прогласува и за обвинител и за судија и за јавност. Жерновски заборавил дека е Градоначалник и дека вакви катастрофи се случуваат само во Општината во која тој раководи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top