| четврток, 6 декември 2018 |

Гент – домаќин на финалето на Дејвис-купот меѓу Белгија и Велика Британија

gent

Белгија и Велика Британија ќе го играат финалето на Дејвис-купот во Гент од 27 до 29 ноември. Првото финале на овие две селекции по 111 години ќе се игра на земјена подлога во арената„Фландерс експо“ со капацитет од 13 илјади места.

Двете селекции победија во полуфиналето со 3-2 против Аргентина, односно Австралија. Велика Британија има 9 титули во Купот и е на третата позиција со Франција на вечната листа, но ќе игра финале по пауза од 37 години, а Белгија е вторпат во меч за титула, по далечната 1904 година, кога загуби од Британците со 0-5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top