| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев по еден меч пауза се враќа во стартниот состав на Џенова

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев кој од оваа сезона ги брани боите на Џенова со Серија А лигата во Италија, ќе биде стартер за неговиот тим на натпреварот против Лацио.
Добрите настапи во дресот на „лацијалите“, но и неговото неславно заминување од тимот по конфликтот со претседателот Лотито, ќе го искористи тренерот на Џенова Гасперини овозможувајќи му на Пандев за „освета“ во вечерниот натпревар во рамките од петтото коло од Серија А.
Македонецот беше стартер на првите три натпревари за Џенова оваа сезона, но изненадувачки се најде на клупата за резерви во дуелот со Јувентус.
Џенова го загуби натпреварот со 0-2, а Гасперини ја призна грешката и сега е подготвен повторно со Пандев во нападот да атакува на втората овосезонска победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top