| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот тренер остана во шок: Никогаш во кариерата не сум видел вакво нешто (видео)

Bayern Munich vs VfL Wolfsburg

Славниот шпански тренер Пеп Гвардиола се чини го направи вистинскиот потег на кариерата, внесувајќи го во игра Роберт Левандовски на стартот од вториот дел во дербито против Волфсбург. Баерн Минхен беше во негатива од 0-1 по првите 45 минути, а Пеп беше очаен по првиот дел барајќи решение за постигнување гол во противничката мрежа.
Изборот падна на Левандовски кој за само девет мунити успеа да постигне дури пет гола.
Тренерот на Баерн по натпреварот сеуште беше во шокот што му го приреди полскиот репрезентативец.

– Никогаш во животот не сум видел вакво нешто и не верувам дека ќе видам. Очајно барав решение за да стигнеме до голот на противникот. Влегувањето на Роберт во игра беше најдобриот потег што сум го направил досега во кариерата. Тој ми врати со пет погодоци за само девет минути – вчудоневиден беше Гвардиола.

Роберт Левандовски синоќа на „Алијнц Арена“ сруши неколку рекорди на Бундеслигата. Тој го постигна најбрзиот хет-трик за само четири минути, и неговото име ќе стои во историјата како играч со најбрзо дадени пет гола, за само девет минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top