| четврток, 6 декември 2018 |

Македа: Вардар од второто полувреме во Монпелје е вистинскиот модел за успех

makeda

Хорхе Македа одигра одличен меч за Вардар уште на стартот од натпреварите во Лигата на шампионите, а дебито во најсилното клупско натпреварување го зачини со 6 погодоци. Тој и Дибиров беа најефикасни кај Вардар, а нашиот шампион славеше значајна победа од 30-25. По првиот дел француската екипа водеше со 12-9, но потоа во погон влезе „црвено-црната“ машинерија и го доби продолжението со 21-13 и ги прокнижи првите бодови во Б групата.

Македа летово пристигна во Вардар од францускиот клуб Нант и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување. Со 27 години тој го одигра првиот меч во ЛШ и веднаш блесна на стартот со 6 погодоци.

„Јас сум задоволен и да не постигнам ниту еден гол, само Вардар да победува. Покажавме две лица во Монпелје. Едното лошо од првото полувреме, кое треба да го заборавиме и да сториме се да не ни се повторува често и второто, одлично од продолжението на мечот. Вардар од второто полувреме е вистинскиот модел за успех. Со таква игра можеме да го надиграме секој противник во Лигата на шампионите“, вели за „Република“, шпанскиот репрезентативец. Тој осетно ќе ја засили позицијата десен бек кај македонскиот шампион, а со играта на стартот од ЛШ потврди дека е вистинскиот избор на „црвено-црните“ во летниот преоден рок.

Македа беше гостин на „Република“ со многу интересни одговори, а интервјуто со шпанскиот репрезентативец можете да го прочитате во следниот број на магазинот „Република“ што ќе излезе од печат во петок, на 25. септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top