Работнички остана најдобриот македонски клуб кога се работи за рејтингот на европската сцена што го имаат нашите прволигаши во УЕФА. Европската куќа на фудбалот ж ја објави најновата листа со коефициенти на која се најдоа и неколку македонски клубови, од кои најдобро рангиран е Работнички.
Сосема очекувано, по трите минати кола во квалификациите за Лигата на Европа и настапот во плејоф баражите, „романтичарите“ стигнаа до квота од 5.200 бода, што им се доволни за 251. место на најновото рангирање на УЕФА. Четириесет позиции зад нив се наоѓа шампионот Вардар, кој по двете реми средби со АПОЕЛ во квалификациите за ЛШ стигна до 4.200 бода.
Металург, кој годинава не се натпреваруваше во европските купови, останува треторангиран македонски клуб со пласманот на 323. место, пред Шкендија на 348. и Ренова на 377. позиција на ова рангирање.
Најдоброрангиран европски клуб се уште е Реал Мадрид, пред Баерн Минхен, Барселона, Челси, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.