| четврток, 6 декември 2018 |

Волфсбург поведе и го налути Левандовски, полскиот репрезентативец испука петарда за само 9 минути

Волфсбург поведе со 1-0 во дербито против Баерн и само го налути Роберт Левандовски, кој блескаше во второто полувреме со неверојатни 5 гола во победата на Баварците од 5-1.

Калиџури му донесе предност на Волфсбург со гол во 26 минута, а Баерн и Левандовски направија ретко виден пресврт и подвиг. Полјакот стрелаше рафално во вториот дел и со еден од најдобрите индивидуални ефекти во историјата на фудбалот му донесе победа на шампионот на Германија.

И тоа со 5 гола во период од 9 минути, од 51. до 60. што е рекорд во историјата на фудбалот. Полјак во стил на германскиот блиц-криг за фестивал на голови во Минхен и како супер најава за Октобер Фест во Баварија.

robert levandovski

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top