| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Коста суспендиран на три натпревари

­ Напаѓачот на Челзи, Диего Коста е казнет со три натпревари суспензија заради насилното однесување на мечот со Арсенал.

diego kosta

ФА соопшти дека после прегледувањето на снимките се одлучилe на ваков чекор иако за време на натпреварот со Арсенал, Коста не доби црвен картон туку само жолт, а по негова вина беше исклучен противничкиот играч Габриел Паулиста. ­

– Фудбалската асоцијација го казни Диего Коста заради насилничко однесување коешто судијата не го забележа во текот на мечот. Напаѓачот на Челзи заради ова ќе отслужи стандардна казна од три меча суспензија, се вели во соопштението од ФА.

Претходно ФА го укина црвениот картон на Габриел Паулиста. Челзи го доби мечот со Арсенал 2:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top