На 321 жител од општина Дебарца денеска и вчера исплатени им се 4,3 милиони денари надомест за штетите од град кои се случија пред неколку години.
Ова денеска во Охрид го изјави вицепремиеорт и министер за финансии Зоран Ставрески.
– На иницијатива на градоначалникот на општина Дебарца и на пратениците на Охрид и Струга, Владата на последната седница повторно ја разгледа состојбата од последиците од град во општина Дебарца од пред некоја година. Иако иницијативата е од пред некоја година, поради објективни причини таму имаше застој, но го разрешивме тоа. Барањата се оправдани и треба да се исплатат штетите од градот, рече Ставрески.
Со исплатата, прецизира, опфатени се повеќе населени места: Белчишта, Средорече, Велчишта, Мешеишта и Требеништа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.