Некои луѓе едноставно знаат како да подигнат атмосфера и едноставно се родени за да бидат главни двигатели на забава.
Ова се 5 хороскопски знаци без кои забавата не може да почне:
Стрелец – забавата не почнува без да дојде Стрелецот. Личноста во овој знак ги има сите предиспозиции да биде екстровертен тип. Секогаш може да сметате на стрелецот ако сакате да ја подигнете атмосферата. Огнените знаци општо се повеќе екстровертни, но Стрелците особено сакаат танцување.
Лав – уште еден хороскопски знак кој знае како да подигне атмосфера. Лавовите сакаат да бидат видени и да им се восхитуваат. Танцуваат и играат во секоја прилика, а тоа што ги радува најмногу е театралното влегување на забавата. Лавовите влегуваат во голем стил, оставајќи впечаток дека забавата може да почне.
Риби – иако Рибите се многу позатворени типови, поради својата „зависна личност“ ќе биде идеален партнер за забави и нема да ве остават. Дајте им прилика, бидејќи кога еднаш ќе се опуштат, ќе ги забавуваат сите осамени и сите што се чувствуваат како аутсајдери на забавата.
Овен – овновите сериозно ги сфаќаат забавите. Ќе видите како се грижат за гостите, проверуваат дали недостасува пијалак и главни се на забавите затоа што не се држат до одредена група на луѓе. Сакаат да ги поздравуваат сите, да ги забавуваат сите гости, а на тој начин добиваат дополнително покани за други забави.
Водолија – сака да оди на забави и да биде опкружена со луѓе. Спонтани и оригинални, ветуваат вистинска забава и возбуда. Иако можеби некогаш и нема да бидат дел од подиумот, сепак ќе разговараат со стари пријатели и ќе придонесат за пријатна атмосфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.