| четврток, 6 декември 2018 |

Германското разузнавање предупредува на растечкиот број на исламски екстремисти

раз

Бројот на исламски екстремисти неконтролирано расте, предупредија денеска германските експерти. Канцеларијата за заштита на уставот БфВ објави дека бројот на радикални салафисти од јуни до септември се зголемил од 7.500 на 7.900. Стравот од зголемувањето за 400 луѓе е дополнително зголемен поради фактот што радикалите регрутираат следбеници меѓу бегалците.

– Загрижени сме што исламистите во Германија се обидуваат под превезот на хуманитарна помош да ја искористат ситуацијата на бегалците за свои цели и меѓу нив регрутираат следбеници- вели првиот човек на БфВ Ханс – Георг Маасен.

Според него вкупно 740 радикални муслимани од Германија заминале да се борат во џихадистички групи во Сирија и Ирак, од кои 20 отсто се жени. Според најновите информации на германските власти кои се различни од последните што беа во опте,к околу 250 од нив веќе се вратени во Германија, а 120 се убиени во конфликтните региони.

Претходно различни германски институции тврдеа дека околу 600 луѓе од Германија се бореле за радикални исламски групи, а дека околу 60 од нив се загинати. Маасен вели дека поради значителен потенцијал за радикализација меѓу бегалаците кои се лесен плен за салафистите неговата институција, внимателно ги следи активностите на овие групи.

Според Маасен нема докази дека џихадистите го користат бранот бегалци за да се инфилтрираат во Германија, но дека е загрижен што екстремната десница во земјата го користи ова прашање за пропагандни цели што претставува потенцијал за ескалација на состојбата. Според него не треба да се исклучи ниту ризикот од судири меѓу крајната десница и левицата која може да доведе до ограничена нестабилност во земјата.

Изјавата на Маасен доаѓа неколку часа откако полицијата во Берлин ја заврши операцијата во која беше влезено во осум објекти од кој еден е дел од легална џамија во главниот град на Германија. Еден Мароканец и еден македонски државјанин се осомничени за регрутирање на борци за ИСИС и други радикални групи во Сирија и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top