Аргентискиот репрезентативец Анхел ди Марија е презадоволен од трансферот кој го направил ова лето преминувајќи од Манчестер Јунајтед во шампионот на Франција, ПСЖ.
Тој изјави дека минатата сезона била пеколно тешка за него, и сега се адаптира на животот во Париз и се чувствува како дома.
На „Олд Трафорд“ пристигна како европски шампион од редовите на Реал Мадрид за рекорден трансфер од 60 милиони фунти. Ди Марија во „црвените ѓаволи“ ја доби и легендарната „седумка“, но не ги оправда очекувањата на навивачите и управата на клубот и експресно за само една година беше продаден на ПСЖ.
– Минатата сезона комплетно ја изгубив. Не играв премногу, а исто така заработив и тешка повреда која ме оддалечи од терените дополнително. Ми беше тешко затоа што по освоената титула во Лигата на шампионите со Реал, воопшто не играв. Во ПСЖ се чувствувам многу подобро, конечно на тренинзите доаѓам со насмевка. Се чувстувам како дома. По мојот трансфер, во клубот се гледа огромна желба за освојување на трофејот во ЛШ – изјави Анхел Ди Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Кој хороскопски знак ќе биде најсреќен денеска?
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид