| четврток, 6 декември 2018 |

Васил Хаџиманов исфрлен од неговото студио, му дале пет минути да се спакува

Hadzimanov 09 (Custom)

Поради проектот „Белград на вода“ во градската населба Савамала, денеска пристигнале првите багери и екипи за рушење на објектите кои не се предвидени со овој план. Овде свое студио има и џез-музичарот Васил Хаџиманов.

Иако им било дадено еден месец за селење, на сопствениците денеска, седум дена по соопштението, им било речено за пет минути да го напуштат местото. Од кафулето „Двориштанце“ за српските медиуми велат дека никој не се најавил, туку екипите дошле и почнале да ја гаснат струјата и да се спремаат за рушење.

Во студиото на Хаџиманов, пак, има опрема вредна 10.000 евра.

– Ние сме закупници на овој простор и во оваа зграда имаме студио. Нас никој не нѐ известил за рушењето и едноставно немаме време за пет минути да изнесеме сѐ што има внатре – изјави Хаџиманов.

Од општината изјавиле дека рушењето на овие објекти е по налог на Град Белград и дека нема начин да се сочуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top