
Иштван Лакатуш, таткото на Ервин Билицки (17), кој беше брутално убиен на 17 март во Бечеј, е приведен во полиција поради заканите дека доколку надлежните ништо не преземат, сам ќе им пресуди на убијците на неговиот син. По двочасовниот разговор, тој бил пуштен на слобода.
Лакатуш е приведен поради отворените и јавни закани дека ако полицијата не ги уапси одговорните, тој сам ќе им пресуди на убијците, а потоа и себеси.
– Тоа го говорев во афект. Бев исклучително изнервиран, разочаран и се чувствував поразен затоа што полицијата соопштува дека мојот син имал полесни повреди и дека се задушил. Имав впечаток дека не ја спроведуваат истрагата како што треба и дека убијците ќе им побегнат. Поради тоа реков дека по погребот сам ќе тргнам во потрага и дека ќе им пресудам наместо обвинителството и полицијата – вели Лакатуш.
Таткото на Билицки вели дека во полицијата поминал речиси два часа и дека имал коректен разговор со инспекторите.
– Ми говореа да се смирам. Се уплашиле за безбедноста на малолетникот кој е уапсен и сместен во Центарот за социјален труд. Мислеа дека ќе му наштетам или дека ќе го побарам неговото семејство. Никому не му посакувам зло, но сакам максимална казна за бруталното изживување со мојот син. Сакам полицијата да ги пронајде неговите соучесници. Ервин и пред ова беше претепан, од ќотекот доби потрес на мозокот. Тогаш, полицијата ништо не направи. Се надевам дека сега ќе биде поинаку, дека ќе ги пронајдат сите убијци и дека ова момче ќе одговара и покрај тоа што има само 14 години – огорчено изјавил Лакатуш.
Како што соопштува „Блиц“, во станот на П.П. (14), кој е уапсен како главен осомничен за претепување на Ервин Билицки, биле пронајдени крвави панталони што укажуваат на неговата вина. Утре пред истражен судија ќе бидат сослушани поединечни сведоци, чиишто имиња и нивните сознанија се кријат во најголема тајност заради можната одмазда или притисокот врз останатите членови на скинхед групата, чијшто предводник е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


