| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески на „Денот без автомобили“ на работа дојде со велосипед (видео)

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес со својот велосипед дојде на своето работно место. Бакрачески помина низ улиците на Охрид на велосиед и со заштитен шлем врз глава. Потоа со возење велосипеди низ улиците на Охрид денес се одбележа „Денот без автомобили“. Стотици велосипедисти беа дел од маршрутата низ градските улици, а ним им се придружи и градоначалникот Никола Бакрачески, кој со својот велосипед тргна од пред општинската зграда по предвидената маршрута, објави „Охрид 1“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top