| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастично достигнување, четворица „кралеви“ освоија сѐ што е можно да се освои

Шпанската репрезентација го освои златниот медал на штотуку завршеното Европско првенство во кошарка, чија завршница беше во Лил.

FIBA EuroBasket 2015

Иако главен играч на „црвена фурија“ беше ѕвездата на НБА, По Гасол, четворица играчи на Реал Мадрид никогаш нема да ја заборават перфектната сезона.
Станува збор за Серхио Љуљ, Серхио Родригез, Руди Фернандез и Фелипе Рејес, кои освоија сѐ што можеше да се освои на клупски и на репрезентативен план.

Минатиот октомври тие го освоија Суперкупот на Шпанија, за по тешката сезона се закитат со двојната титула во својата земја, а круна на клупско ниво беше освојување на Евролигата.
По ова следуваа репрезентативните обврски со Шпанија, која иако не важеше за главен фаворит за освојување на златниот медал, Гасол и другарите се погрижија најсјајното одличје да го вратат во својата држава, по третпат во последните четири Евробаскети.

FIBA EuroBasket 2015

Од нив четворица, можеби најмногу причини за задволство има Серхио Родригез, кој доби место во идеалната петорка на континенталниот шампионат.
Истите овие „кралеви“ ќе имаат можност да го освојат и шестиот златен медал престојниот викенд кога играат против бразилскиот тим Бауру во двомеч за светската титула.
Двата натпревари се играат во Сао Паоло на 25 и на 27 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top