| четврток, 6 декември 2018 |

Драмски театар вторпат ја поставува култната претстава „Еригон“ на сцената

„Еригон“ првпат била поставена на сцената на Драмски театар во 1982 година, а претставата ја режирал Љубиша Георгиевски. Главната улога ја толкувал Мето Јовановски, кој добил небројни награди за изведбата на Еригон, а во претставата уште играле и доајените на македонското глумиште Мери Бошкова, Милица Стојанова, Петар Темелковски...

Култната претстава „Еригон“ на Јордан Плевнеш, овој пат во режија на Јани Бојаџи, ќе ја има својата премиера во Драмски театар в четврток, на 24 септември во 20 часот. Ова е петта премиера во Драмски оваа година, по „Љубовници“, „Чолак“, „Безљубни“ и „Јане Сандански“. До крајот на годината раководството на театарот најави уште две премиери.

Во новата постановка на „Еригон“ главниот лик во толкува Игор Стојчевски, а во претставата уште играат и Роберт Вељановски, Гордана Ендровска, Кристијан Светиев, Христијан Поп Симонов, Миа Кантарџиева, Марина Поп Панкова, Соња Стамболџиоска, Дритон Вејсели, Ирена Илиевска, Александар Степанулески, Анастас Тановски, Благица Димитровска, Александра Павлова, Ѓорѓи Тодоровски, Едмонд Сотир, а на видео се појавуват и Петар Темелковски и Милица Стојанова, кои играа во првата поставка на „Еригон“ од 1982 година.

Erigon -dramski (1) (Custom)

Сценографијата е на Владо Ѓоревски – Рафик, костимограф е Невенка Тасева-Петровиќ, музиката е на Горан Трајковски, видеорежијата е на Јани Бојаџи, а видеомонтажата е на Бобан Поповски.

„Еригон“ првпат била поставена на сцената на Драмски театар во 1982 година, а претставата ја режирал Љубиша Георгиевски. Главната улога ја толкувал Мето Јовановски, кој добил небројни награди за изведбата на Еригон, а во претставата уште играле и доајените на македонското глумиште Мери Бошкова, Милица Стојанова, Петар Темелковски…

– Ова е една од најславните претстави на Драмски театар. Храброст е да се обнови претстава што била култна пред 33 години, кога ги освоила наградите на најголемите фестивали во регионот, на Стериино позорје во Нови Сад, МЕСС во Сараево и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. ­ Во 1982 година Плевнеш и Георгиевски се прашале дали и колку е естетски чин да се биде Македонец. Тоа се прашуваат генерации потоа – рече Рубенс Муратовски, уметнички директор на Драмски.

Режисерот Бојаџи истакна дека „Еригон“ му била една од детските мечти, а кога пред 14 години почнал да се занимава со театар му била една од трите сценски предизвици, покрај „Тетовирани души“ и „Вејка на ветрот“. ­

– Ги остварив соништата со „Тетовирани души“ и со „Вејка на ветрот“, сега го затворив кругот со „Еригон“. Жал ми е што не се променио ништо за сиве овие години. Тогаш ова било направено со огромна страст и со една единствена намера нешто да се промени, и по толку време не се променило ништо. Јас сум прва генерација Македонец роден во Републиката и исклучително ми е непријатно чувството кога треба да го живеам животот на мојот дедо. За жал, тоа е вистината – рече режисерот Бојаџи.

Erigon -dramski (8) (Custom)

 

За да го постави повторно текстот на Плевнеш бил воден од идејата за општествена одговорност на театарот и од идејата на Љубиша Георгиевски во книгата „Антологија на театарот“ дека „театарот е јавен чин, а со тоа и политички пар екселанс“. ­

– Ако сакаме како уметници да бидеме општествено одговорни и да си го оправдаме скапиот леб, кој овој народ во овие исклучително сериозни времиња го одвојува за нас, за ние да правиме театар, тогаш јас лично и моите соработници не сакавме да се занимаваме со личните фрустрации и со сопствениот ескапизам. За жал, реалната култура и уметност во Македонија во последните 15 години е претворена во лечилиште за личните фрустрации на авторите. Се обидовме да бидеме јасни, точни, едноставни и прецизни, да се занимаваме со проблеми што зборуваат за овој народ, за оваа земја, не со претензии дека ќе ги решиме, туку со идеја дека 40 години по праизведбата повторно ќе ги преотвориме – додаде Бојаџи.

Стојчевски во постановка на „Еригон“, во 1999 година, во Македонскиот народен театар (МНТ) бил статист додека бил студент во класата на Владе Цветановски, кој тогаш ја режирал оваа претстава. ­

Erigon -dramski (11) (Custom)

– Исклучително тешка материја, горлива тема и горчливи прашања што ги поставуваме – рече Стојчевски.

До крајот на годинава се очекуваат уште две премиери ­ „Библијата“ во режија на Срѓан Јаниќиевиќ ­ наменета за деца и за родители, чијашто премиера е закажана за 8 декември, и уште една премиера, која директорот Роберт Вељановски уште не ја откри. Премиерата се очекува во јануари 2016 година.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top