Познато е дека презимињата потекнуваат од занаетите со кои определени семејства се занимавале и по кои биле прочуени пошироко. Така, едно од најчестите презимиња во Британија е Смит, кое потекнува од „Блексмит“ односно Ковач.
Такви потекла се и презимињата како Флечер, Фармер, Тачер, кои корените ги имаат во определени професии, но тоа не е случај само во англосансонската историја.
Полскиот инженер Марцин Циура од Краков, Полска, изработил мапа на Европа по најчестите презимиња поврзани со професии, па увидел дека токму ковачите се најбројни и во Полска, Франција, Португалија, Италија и Русија.
На северот од Европа доминираат презимиња поврзани со „Милер“- поврзано со мелница, брашно, пекарство, како и со земјопоседници, додека во источна и југоисточна Европа доминираат презимиња на „свештеници“ – Попа, Поповиќ, Поповски, Попов, Хоџа, Хоџиќ, Пападопулос…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа