| четврток, 6 декември 2018 |

Франција нема да бара оставка на Башар ал Асад

Франција нема да бара сирискиот претседател Башар ал Асад да си замине од власт како предуслов за мировни преговори, изјави францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус во интервју за весникот „Фигаро“.

loren fabius

– Доколку бараме Асад да замине пред да почнат преговорите, тогаш нема да стигнеме далеку, истакна шефот на француската дипломатија.

Ваквиот коментар претставува ублажување на францускиот став кон Асад.

– Франција верува дека дипломатското решение за сириската криза ќе бара создавање влада на национално единство, во која ќе бидат вклучени и елементи на администрацијата на Асад, со цел да се избегне еден вид колапс како во Ирак, нагласи Фабиус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top