| четврток, 6 декември 2018 |

Франција го ублажи ставот: Заминувањето на Асад не е предуслов за мировни разговори

basar al asadФранција нема да бара од сирискиот претседател Башар ал Асад да замине од власт како предуслов за мировни разговори, соопшти министерот за надворешни работи на Франција Лорен Фабиус во разговор за Фигаро.

– Ако бараме Асад да замине, пред да почнат преговорите нема да стигнеме далеку, рекол Фабиус.

Таквата изјава, според Франс прес, претставува ублажување на францускиот став кон Асад.

САД и Британија веќе направија сличен пресврт кон Сирија, додека Русија ја засили својата поддршка за Асад со зголемување на военото присуство во земјата. Американскиот државен секретар Џон Кери во саботата рекол дека ќе може да се преговара за тајмингот за заминување на Асад по постигнување на мировен договор.

– Франција верува дека дипломатското решение за сириската криза ќе бара создавање влада на национално единство во кое ќе бидат вклучени и елементи на администрацијата на Асад, за да се избегне колапс на државата како што беше случајот во Ирак, рекол Фабиус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top