Претседателката на Хрватска. Колинда Грабар Китаровиќ. ја обвини хрватската влада дека со нејзината реакција во врска со бегалската криза ги нарушила дипломатските односи со соседите.
– Секако дека односите се нарушени. За тоа пишува целиот свет, наместо да искажеме солидарност. Може да се согласуваме или да не се согласуваме со политиките на соседните земји, сепак начинот на кој тоа се решава не е во ред. Мислам дека треба да се разговара. Треба да се договори на кој начин ќе се движи тој бегалски бран, рекла Китаровиќ во разговор за хрватската Нова ТВ.
Таа истакна дека германската канцеларка Ангела Меркел неодамна ги повикувала бегалците да дојдат во Германија.
– Овие денови повлече рачна кочница и рече дека Германија не може да ги прими сите тие економски eмигранти. Тоа го направи, а притоа не е свесна дека во метеж со толку автомобили, ако кренеш рачна кочниц,а ќе предизвикаш хаос на патот. Тој хаос сега треба да се реши – порача претседателката на Хрватска.
Китаровиќ „планот Б“ на хрватската влада во врска со бегалците го нарече „реакција на плаn А кој не постоеше“.
– Цело лето инсистирав да се разговара. Сосема беше јасно дека eмигрантите порано или подоцна ќе почнат да влегуваат во Хрватска. Требаше да се направат проценки и симулации. Мораше да се разговара со соседите и со ЕУ за тоа колку се подготвени да ги прифатат бегалците, односно емигрантите и како Хрватска ќе реагира на тоа. Планот Б е всушност стихија на префрлување бегалци во соседните земји – тврди Китаровиќ.
Таа предупреди и дека не е јасно што ќе се случува следните денови ако соседните земји ги затворат границите.
– Наша задача е да се организираме и конечно да направиме цврсти планови. Да ги заштитиме своите национални интерси и безбедноста на граѓаните – порача претседателката на Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.