– Ставаме уште една коцка во спортската надградба на Битола и битолско. Во низата спортски инвестиции, со задоволство ги вбројуваме и пуштаме во употреба и новите тениски игралишта во Спортско-рекреативниот центар „Шеталиште“. Тениските терени имаат најсовремена подлога, целосна инфраструктура и осветлување за да можат да се користат и во вечерните часови. Кога ги гледаме нашите спортисти, спортски клубови или македонската репрезентација во било кој спорт и посакуваме да остварат добар резултат, истакна Груевски.
Мораме да сфатиме, посочи премиерот, дека таквите очекувања се реални само кога континуирано се вложува во спортот, кога младите имаат место каде да се заљубат во спортот и место каде да се изградат како спортисти.
– Ниту еден успех не доаѓа сам по себе, без напорна работа, многу труд и потребна инфраструктура. Токму затоа, во делот на спортот ние си поставивме за задача да го изградиме сето она што недостасувало, сето она што не било направено во минатото и напорно работиме за заокружување на оваа наша цел, рече Груевски.
На свеченоста во Битола, премиерот Груевски најави изградба на четири дополнителни тениски терени, едно повеќенаменско спортско игралиште и еден скејт парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.